Почна заедничката седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец

Владите на Република Македонија и на Република Албанија денеска во албанскиот град Поградец ја започнаа првата заедничка седница, на чиј дневен ред се повеќе теми насочени кон унапредување на билатералната соработка, јави известувачот на МИА.

Македонскиот владин тим во полн состав со највисоки државни почести и интонирање на химните ги пречека домаќинот Еди Рама, по што почна работниот дел од состанокот.

ВЛАДИ МАКЕДОНИЈА АЛБАНИЈА

Најавено е дека на седницата ќе се дискутираат прашања од областа на инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, за олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и за зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

На седницата предвидено е да бидат потпишани неколку документи за соработка, вклучувајќи план за консултации меѓу министерствата за надворешни работи, меморандум меѓу министерствата за внатрешни работи за соработка во областа на внатрешната контрола, како и за формирањето на мешовит комитет за економска соработка. Од областа на образованието и науката, се очекува потпишување меморандум за интензивна билатерална соработка преку Институтот за културно и духовно наследство на Албанците од Република Македонија. Дополнително ќе биде потпишан и меморандум за соработка во борбата против насилен екстремизам и радикализам, како и договор за соработка во спречување на кризи.

ВЛАДИ МАКЕДОНИЈА АЛБАНИЈА

По одржувањето на заедничката седница пред јавноста преку медиумите ќе се обратат претседателите на Владите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама.

Утре премиерите на Македонија и на Албанија ќе заминат за Пустец каде што ќе се сретнат со претстаници на локалната самоуправа и ќе го посетат училиштето каде ќе донираат опрема за учениците.

 

 

 

15.12.2017 - 15:25
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега