Се пополнуваат испразнетите амбасадорски места, едно од нив Мисијата на ЕУ во Брисел

Осумте испразнети места во македонските дипломатско-конзуларни претставништва ќе се пополнуваат, како резултат на кохабитацијата меѓу Министерството за надворешни работи и претседателот Ѓорге Иванов, потврдија дипломатски извори.

Меѓу нив е и Мисијата на Европопската унија во Брисел, а тука се и испразнетите места во Париз, Лондон, Подгорица, Берн, Варшава, Осло и Букурешт.

Предлозите треба да минат на владина седница, а диломатски извори најавија и втора рунда преговори за нови именувања за пополнување на сите 20 испразнети позиции во вкупно 57 ДКП.

Во тек се обиди за професионализација и деполитазација на дипломатско-конзуларниот кадар, со оглед на тоа дека голем број од амбасадорите во моментов се политички назначени, а политизацијата, како што посочија дипломатските извори, е карактеристична и на ниво на целото Министерство.

Веќе три до четири години нема редовна оценка на дипломатијата, иако тоа е законска обврска.

Изминатиот период, како што оценуваат дипломатски извори се отворале амбасади, без да се прави реална проценка за приоритетноста, односно дали се исполнети политичките, економските, козуларните и реципрочните критериуми. Како примери се посочуваат амбасадите во Бразил, Катар, Казахстан.

Потребна е прагматичност, парите да се вложуваат онаму каде што е приоритетно, наведуваат оттаму. 

Во моментот соодносот на дипломатскиот кадар на МНР е еден спрема два во корист на вработените во министерството, односно околу 140 дипломати работат во мисиите во странство, а 300 се во земјата.

Функционалните Министерства за надворешни работи работат со обратен сооднос, две спрема еден во корист на дипломатите кои се надвор, а МНР, како што посочуваат дипломатски извори ќе се обиде тој сооднос да биде еден спрема еден. 

Меутоа, се навдува дека буџетот на МНР е намален за 40 отсто од 2009 до 2017 година.

 

 

 

14.12.2017 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега