„Велт“: Атина, Скопје и Белград ќе градат канал што ќе ја промени географијата на Балканот

Грција, Македонија и Србија сакаат да изградат пловен канал што ќе ја поврзува реката Дунав со Егејското и Средоземното Море, кој според грчкиот премиер Алексис Ципрас „би можел да ја промени географијата на Балканот“, наведува германскиот магазин „Велт“.

Весникот го оценува проектот како „сензационален" и истакнува дека се бараат инвеститори, кои ќе ги преземат високите трошоци за изградба на пловниот коридор чија цел е поврзување на реките Дунав, Морава и Вардар.

За грандиозниот проект, вреден 17 милијарди евра, јавува и германската новинарска мрежа Н-тв. Во обемната сторија, новинарската мрежа го опишува проектот како „амбициозен експеримент на политичарите на Балканот: Грци, Македонци и Срби, сакаат да изградат пловен канал што ќе го поврзува Дунав со  Средиземното море“.

 

- Ветениот проект може засекогаш да го промени целиот регион, се наведува во анализата, со оценка дека тоа е „експеримент со историски димензии“, чија цел е да даде нов поттик за економската и трговската активност на регионот. 

 

 

 

14.12.2017 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега