Оставките на членовите на ДИК ќе бидат констатирани на првата собраниска седница

Државната изборна комисија може да работи и по оставките на нејзините членови Виолета Дума и Игор Милев затоа што не е нарушен кворумот, а местото на претседателот Александар Чичаковски ќе го преземе  потпретседателот Реџеп Прекопуца, кој и според Изборниот законик може да закажува седници.

Плусинфо пренесува дека на првата собраниска седница ќе бидат констатирани  оставкитете на претседателот Чичаковски и на Милев и Дума, членови на ДИК предложени од СДСМ, а потоа се очекува да почне изборот на нови членови. 

 

 

 

 

12.12.2017 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа