Во Кочани се зголемил бројот на првачиња

 

 Во кочанските основни училишта во прво одделение ке тргнат 337 првачиња, што е за 56 повеќе во споредба со минатата година кога биле запишани 281 прваче.

- Во кочанските основни училишта најмногу првачиња има запишано во Основното училишпте „Св.Кирил и Методиј“ (111), во „Никола Карев“(72) во „Малина Поиванова (56), во „Раде Кратовче“ (54) и најмалку првачиња има во Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари (42) првачиња, истакна Голубинка Ѓоргиева, референт по образование во Локалната самоуправа на Кочани.

Зголемување на првачињата во општините од Источна Македонија има само во Кочани.

30.08.2013 - 10:41

најчитано сега