Што се случува со вашето тело доколку го одложувате одењето во тоалет

Колку пати досега сте го одложувале одењето во тоалет иако мочниот меур ви е полн? Без разлика дали сте на интервју, работа, состанок или дома и ве мрзи да станете, треба да обрнете поголемо внимание на тоа, бидејќи може да ви предизвика некои опасности.

Капацитетот на телото за да ја задржува урината кај секого е различна, а се базира на количината урина која некој може да ја произведе, што е предизвикано од статусот на хидратација и внесувањето течност, како и на работата и чувствителноста на бешиката. Повеќето жени може да ја задржат урината 3 до 6 часа.

Не постојат никакви специфични компликации кои се резултат на задржување на урината, но постои поголем ризик за воспаление на мочните канали, кое се лечи со антибиотици. Ако ви се воспалат мочните канали, имате потреба почесто да одите во тоалет. Исто така, воспалението може да настане и ако патите од нарушување на премногу активна бешика и интерстицијални цистиси. Ако наеднаш почнете многу често да мокрите, посетете доктор.

Свесни сте дека е важно да бидете хидрирани, но пиењето многу вода има иритантна страна, а тоа е што вашето тело е постојано принудено на мокрење секој половина час. Некои луѓе имаат чувствителна бешика, па мора да одат во тоалет дури и тогаш кога имаат минимално количество урина. Во ред е да се обидете да ги одвратите мислите од потребата и да не се препуштате на секоја потреба на телото. Тоа би можело да ја прошири бешиката на здрав начин, но не би требало да очекувате големи промени.

 
 

 

 

11.12.2017 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега