Неделава четири рочишта на СЈО во Кривичен

 

Четири рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство се закажани неделава во Кривичниот суд.

За утре и за 14 декември закажани се рочиште за предметот на СЈО „Труст“.

Во среда, на 13 декември, ќе се одржи судење за случајот „Транспортер“, што се однесува на злоупотреби со превоз за ученици од страна на поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и претседателот на локалната Комисија за јавни набавки, при што се осомничени дека злоупотребиле речиси 360.000 евра од државниот буџет.

На 14 декември треба да се одржи рочиште предметот „Шпион“. Меѓу обвинетите се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски.

На 13 декември, пак, во Судот во Солун е закажано рочиште за барањето од македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од СЈО за предметот „Таргет-Тврдина“. 

 

 

 

11.12.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега