Одложена расправата за Законот за јазиците

Во Собранието на Република Македонија денеска требаше да се одржи седница на Комисијата за европски прашања, на која на дневен ред беше Предлог-законот за употреба на јазиците во второ читање.

Седницата и денеска е откажана поради отсуство на инистерот за правда и заменик-министерот за правда.

не беа присутни ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе биде соопштено кога ќе продолжи расправата.

Потребата од носење закон за употреба на јазиците беше изгласана од пратениците на 15 ноември годинава. „За“ гласаа 66 пратеници, а 41 беа против. Во Собранието на Република Македонија седница ќе одржи и Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

 

 

 

 

11.12.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега