Путин во посета на Египет и Турција

Претсетаелот на Русија Владимир Путин денеска ќе отпатува во посета на Египет и на Турција, каде ќе има средби со претседателите на тие држави.

Путин ќе се сретне со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, со кого ќе разговара за меѓународните проблеми, вклчително и кризата во Сирија и ситуацијата на Блискиот исток, соопшти Кремљ. Се очекува тие да разговараат и за билатералните односи, пред се, за спроведување големи проекти во областа на енергетиката.

Путин и Ердоган изразија загриженост за американското признавање на Ерусалим, како главен град на Израел во телефонскиот разговор на 7 декември.

Кремљ соопшти дека Путин во Египет ќе разговара со претсдателот на таа држава Абдел Фатах ал Сиси за билатералната економска и трговската соработка. Со него ќе разговара и за ситуацијата на Блискиот исток.

Египетскиот весник „Ал Ахрам“ соопшти дека во каиро се очекува да биде потпишан договор за изградба на нуклеарна централа во таа африканска земја. 

 

 

 

11.12.2017 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега