За Бора Чорба не важи изреката „трета среќа“

Фронтменот на популаната група „Рибља чорба“ Бора Ѓорѓевиќ третпат се разведува! Неговата сопруга Дубравка Милаковиќ неодамна поднела барање за развод. Најголем проблем се нејзината љубомора и неговите чести отсуства од дома.

„Дубравка и Бора беа создадени еден за друг, но пред неколку месеци почнаа сериозни расправии и караници. Таа немаше доверба во него, па нејзините изливи на љубомора станаа неподносливи. Постојано ја фаќаше хистерија поради тоа што многу жени сакаат да бидат во друштво на Бора“, ја почнува приказната извор близок на рокерот. Бора не можел да се расправа и почество излегувал од дома.

„Бора не сака да се расправа, се повлекува, па така и сега се обидуваше да се тргне за да се смири ситуацијата. Најмногу му беше криво што доаѓа до хаос за ништо, бидејќи откако е во брак, не флертува со жени. Но тоа никако не можеше да и’ го стави до знаење.“

 

За потсетување, Бора и Дубравка тајно се венчаа на 5 мај 2016 година на Санторини. Пред неа, рокерот имаше два брака. Со првата сопруга Драгана беше во брак 30 години, а се разведоа во 2007 година, по што таа набрзо се самоуби. Истата година ја запозна 26 години помладата Александра Савиќ, со која се венча во 2009 година. Иако се шпекулираше дека рокерот ја оставил Драгана поради Александра, тој никогаш не се огласи по тој повод. Со Александра се разведе по четири години брак.

 

 

 

11.12.2017 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега