Млада пејачка пронајдена мртва во хотелска соба во Доха
Пејачката која со години се бореше со епилепсијата и тумор на мозокот е пронајдена мртва во хотелска соба во Доха.
Имено пејачката Даниела Обенг (32) во Катар се преселила затоа што во Британија не можела да најде работа откако и ја укинаа финансиската помош.
Момчето на покојната пејачка вели дека Даниела која настапувала под името Деви Ка, заминала на средниот исток откако во нејзината земја не можела да најде работа, откако и ја укинале финансиската помош која ја земала бидејќи со години била болна од епилепсија и тумор на мозокот.
-Таа имала тивки напади, па се проценило дека е способна за работа, но во Британија не можеше да најде работа, па заминала за Доха, раскажува момчето на пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа