Груби: Албанскиот јазик ќе се официјализира во јануари

Албанскиот јазик во јануари, следната година ќе се официјализира на државно ниво. Ова го потврди претседателот на комисијата за европски прашања, Артан Груби за ТВ21.

- „Посакувам тоа да се случи во текот на годината, но според реформската агенда, убеден сум дека кон средината на јануари ќе го усвоиме и на тој начин ќе го заокружиме Охридскиот договор и ќе постигнеме јазична еднаквост. Ќе затвориме едно важно поглавје кое произлезе од Охридскиот договор и војната во 2001 година“, вели Груби.

Законот во прво читање наиде на противења од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои реагираа со реплики и контра реплики, а во втората фаза има 91 амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Беса. 

„Посакувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот за јазиците, да дојдат и да се соочат со аргументите во врска со амандманите кои се доставени и од нив и од Беса“, додава Груби.

 

 

 

11.12.2017 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега