Братот на сопственикот на менувачницата од Кисела Вода бил убиен во грабеж - еден од напаѓачите го барал Интерпол

49-годишниот Ненад Т. од Белград е вториот убиен напаѓач во грабежот на менувачницата „Македонија“ во скопска Кисела Вода кој се случи на 27 ноември.

Како што пишува српскиот Блиц, веќе неколку пати била мета на крадци менувачницата на Гоце А. од Скопје, а при еден грабеж бил убиен неговиот брат.

Србинот, кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол, идентификуван е според отпечатоците на прстите, по што е известена неговата сестра, која дошла во Скопје и потврдила дека убиениот е нејзиниот брат.  Тој се криел во Скопје, а со години и бегал на полицијата. Тој престојувал во изнајмен стан во Карпош 3.

Тој се споил со другиот напаѓач и заедно ограбиле најмалку 15  банки, менувачници и обложувалници во Скопје.

 

 

 

 

 

10.12.2017 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега