Фото: Снег ја парализираше Велика Британија

Делови на Велика Британија денеска се зафатена од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа застои и блокади во копнениот и воздушниот сообраќај.

Британската метеоролошка служба објави „жолто“ предупредување од можни нови снежни врнежи, пред се во централните делови на Англија и во северен Велс.

Поради снегот има застои на повеќе патни правци во земјата, а доцнат или целосно се откажани повеќе возови и авионски летови.

Во реонот на Сенибриџ во Велс е формирана снежна покривка од 28 сантиметри, додека во местото Хај Вејкомб, во близина на Лондон, наврнале 12 сентиметри снег.

Аеродромот во Бирмингем и лондоснкиот „Станстед“ ги откажаа сите летови поради замрзнување на пистите, а во реонот на Лестер целосно беше прекинат сообраќајот на автопатот М1, кој го поврзува Лондон со североисточниот дел на Англија.

Велшката полиција им препорача на граѓаните без поголеми потреби да не заминуваат на пат.

 

 

 

10.12.2017 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега