Израелската армија уништи тунел од Појасот Газа кон Израел

Израелската армија денеска соопшти  дека уништила тунел, ископан од борците на исламистичкото движење Хамас, акој се протега од Појасот Газа до неколку стотини метри внатре во израелска територија, јави ДПА.

Воениот портпарол, потполковник Џонатан Конрикус изјави дека Израел користел нов комплет од „инструменти“ за уништување на тунелот. Тој прецизираше дека армијата го локализирала тунелот пред неколку месеци и продолжила да го следи копањето, пред да го уништи. Тунелот не бил завршен, но бил добро опремен со електрична енергија, комуникациски објекти и систем за вентилација.

- При уништувањето на тунелот нема настрадани,  рече портпаролот. Тој додаде дека израелската армија развила нов систем за откривање и уништување на тунели, но одби да посочи детали за технологијата. 

 

 

 

10.12.2017 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега