Америка остана без брза храна

 

Илјадници вработени во фабриките за брза храна ја запреа работата во десетици градови во САД вчера, барајќи повисоки плати, јави ДПА. 

Учесниците во штрајкот скандираа „Не можеме да преживееме со 7,25“ и „Сакаме super size плати“. Тие побараа од компаниите за брза храна да им обезбедат плата од 15 долари на час, што е двојно повеќе од сегашната мининална плата во земјата од 7,25 долари на час. 

Според организација, која ги заштитува права на вработените во тој сектор, индустријата за брза храна заработува 200 милијарди долари годишно, а вработени во тој сектор во Њујорк добиваат плата од 11 долари годишно, што е под прагот на сиромаштијата, определен од федералната Влада. 

30.08.2013 - 09:37

најчитано сега