Освен бонуси членовите на ДИК добиваат огромни суми за патни трошоци - Бонева добила 12.000 евра

Откако американскиот амбасадор Џес бејли обелодени дека членовите на ДИК си делеле бонуси и плати плус, доаѓа информацијата дека дел од членовите на ДИК добиваат и огромни суми за патни трошоци затоа што наместо службени возила, ги користат сопствените за што се исплаќаат поголеми износи.

Како што пишува 24вести, Силвана Бонева, како член на ДИК, добила 12.000 евра за патни трошоци, со што Бонева за две години, колку што е во ДИК само за патни трошоци, земала 12.000 евра. Тука е и платата која за две години изнесува 24 илјади евра. Атанас Урумов, кој доаѓа од Гевгелија, добил патни трошоци во износ од 11.500 евра.  Тука се и дополнителните „бонуси“ од 12.000 евра, како и платата, што за две години изнеусва 24.000 евра, додека нивниот колега  Бедредин Ибраими, добил 5 илјади евра за патни трошоци како и по 1.000 евра плата за месеците додека беше во ДИК, и дел од бонусите.

Според информациите на Телевзија 24, иако на сите членови на ДИК им било понудено да користат службени возила, за што ќе добиваат одредена сума за трошоци за бензин, тоа не го прифатиле сите.

 

 

 

09.12.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега