Трагедија во Македонија: Младо момче почина на лице место, има повредени
Дваесет и четиригодишно момче загина во сообраќајка утрово на автопатот Неготино-Гевгелија. Како што информираше за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила околу 3 часот и 30 минути кај местото викано Арсова Лака.
- Во незгодата учествувале патнички автомобил марка “сеат леон” со неготински регистарски ознаки управуван од 24-годишниот С.Ј од Неготино и патнички автомобил “мерцедес” со скопска регистрација, управуван од 65-годишниот Ѓ.Ч од Скопје, соопшти Додевски.
Возачот на сеатот починал на лице место, а возачот на мерцедесот со тешки телесни повреди бил префрлен во Општа болница Кавадарци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа