Вистинско чудо во Белград - мртов човек оживеал на пат до болница

Утринава мртво човек оживеа на улицата „Пролетерске солидарности“ на Нови Београд. Според „Телеграф.рс“ околу 8.30 часот на оваа улица (Пролетерске солидарности) број 15 без свест бил пронајден маж на возраст од околу 50 години.

По доаѓањето на Брзата помош тој според нивните сознанија бил мртов. Без оглед на таквата состојба, лекарите веднаш почнале со реанимација која траела еден час, по што тој почнал да се враќа во живот.

Човекот со витални знаци е пренесен во ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.

 

 

 

07.12.2017 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега