МВР со детали за професорката од Скопје која беше пронајдена мртва

Во текот на вчерашниот ден во 13 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во близина на улицата „Скупи“, на местото каде што реката Серава се влева во реката Вардар, во водата било забележано тело на непознато женско лице.

Екипа на Итна медицинската помош констатирала смрт, а по извршениот увид било утврдено дека се работи за 52-годишната С.Т. од Скопје, која беше пријавена за исчезната и по која се трагаше два дена.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. 

 

 

 

07.12.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега