Временска за последниот продолжен викенд годинава - следи промена

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе достигне од 8 до 16 степени, а во повеќето котлини околу 10 степени.

Утре ќе биде претежно сончево, утрото студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела наутро се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 метри надморска висина врнежите ќе поминуваат во снег (во северните делови можно е снежната граница да биде и пониска). Врнежите во недела нема да бидат обилни, а попладне облачноста ќе се намали

.Од понеделник се очекува повторно зголемување на облачноста проследено со повремени локални врнежи од дожд, информира УХМР.

 

 

 

07.12.2017 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега