Централен Комитет во сабота, Конгрес во Валандово - кој ќе биде наследникот на Груевски

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, овој викенд во сабота треба да ја потврди одлуката за вонреден конгрес, за констатирање на оставката на досегашниот лидер, Никола Груевски.

Партиските функционери воздржани, но во ВМРО-ДПМНЕ постојани координации и консултации и групирања во пресрет на брзиот состанок на највисокото партиско тело, кое по речиси 15 години треба да го прати Никола Груевски во партиската историја, пишува 24вести.

Според податоците на 24вести, новиот лидер на партијата овој викенд треба да се одржи во Валандово, а Христијан Мицковски, актуелниот генерален секретар, според партиските брифинзи е речиси извесен кандидат за нов претседател и неофицијално и фаворитот на лидерот.

Тука се и Илија Димовски, Никола Попоски, Антонио Милошоски, но засега никој не открива дали ќе ја бараат довербата за нов лидер.

По недела веќе се очекуваат кандидатурите.

 

 

 

 

 

07.12.2017 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега