ССМ утре ќе избира нов претседател

Продолжение на Вонредниот конгрес кој што беше прекинат на 11 ноември ќе се случи утре, кога ССМ треба да избере нов претседател. Конгресот е закажан за 12 часот, а ќе се одржи во  во објектот на ССМ. Пред одржувањето на Конгресот најавено е обраќање на претседавачот на Работното претседателство на Вонредниот конгрес, Роберт Симоноски.

На Вонредниот конгрес кој ССМ го одржа во Охрид се очекуваше да биде избран нов претседател на ССМ, но воопшто не се пристапи кон гласање поради реакциите на дел од делегатите кои го сметаа недемократски изборот на претседател и поради барањето на в.д. претседателот на ССМ, кој беше и единствен предложен кандидат, да им се овозможи и на останатите кандидати да учествуваат во трката за лидер на ССМ. Беше договорено во рок од 30 дена, Верификациона комисија на Синдикатот  да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција во организацијата.

Единствен кандидат за претседател беше предложен в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски, кој според Претседателството и Советот ги исполнил условите. За претседалското место во ССМ конкурираа и Пеце Грујовски од УПОЗ и Ацо Антовски од Полицискиот синдикат, но нивните кандидатури не беа прифатени со образложение дека не ги исполнуваат условите.

 

 

 

 

05.12.2017 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега