Членовите на ДИК ќе ги вратат или донираат четирите плати бонус

Членовите на ДИК одржуваат седница на која потенцираа дека одлуката за надоместок за изборите за нив и за стручната служба и други ангажирани лица е законска и според член 19 од Изборниот законик и Правилникот на Комисијата.

Тие истакнаа дека од распишувањето на изборите до нивното завршување за нив нема работно време ниту празници ниту викенди... Одлуката, според нив, е целосно оправдана и поради тоа што во одредени околности во опасност бил и нивниот живот.

Ги прифаќаат критиките за трнспарентноста. Членовите на ДИК, иако сметаат дека ги заслужиле тие пари, како што посочија, поради судот на јавноста ќе ги вратат четирите плати во буџетот или ќе ги донираат. 

 

 

 

05.12.2017 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега