На скопјанец му влегле дома со пиштоли - го врзале и ограбиле

Во 20 часот синоќа во куќата на 24-годишниот Б.С. на улицата „Менделеева“ во Скопје, се одвивал хорор.

Полицијата информира дека влегле четири непознати маскирани лица и со закана со пиштоли го врзале, го удриле со пиштолот во главата, па го ограбиле Б.С.

Во изјава пред полициските службеници, не можел да каже дали и што му било одземено.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

05.12.2017 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега