Видео: „Одвратен хрватски генерал“ - познат американски водител го исмејал самоубиството на Праљак

Американскиот водител Конан О'Брајан зборувал за самоубството на воениот злосторник Слободан Праљак и од целата ситуација направил скеч за своето шоу.

-Поранешен хрватски генерал, исклучително одвратен тип кој бил осуден за воени злосторства, проголтал отров за време на судењето во Хаг. Одлучил да се убие пред да одлежи затворска казна. Тоа бил негов начин да се извлече од ситуацијата - рекол О'Брајан , а после тоа се јавил и неговиот камерман додавајќи дека тоа и не е толку чудно.

-Трикот е во тоа да се има вистински отров, а мој избор е голтка цијанид. Тој ме убива секој пат кога ми треба - рекол камерманот Тони зад сцената во која се гледа како извршува самоубиство за да избегне работи кои не му се допаѓаат.

 

 

 

05.12.2017 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега