Буџетските корисници задолжително ќе ги објавуваат своите финансиски извештаи на веб

Буџетските корисници од денеска задолжително ќе треба да ги објавуваат финансиските извештаи на своите веб страници.

Според Законот за изменување и дополнување на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници, завршните сметки мора да се објават на веб страниците во рок од 15 дена од денот на нивното доставување до регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.

- Објавуваме извештаи кои претходно не беа достапни на јавноста, а и со закон воведовме обврска за задолжително објавување на финансиските извештаи на буџетските корисници на своите веб страници, истакна вчера министерот за финансии Драган Тевдовски на трибина.

 

 

 

05.12.2017 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега