Дали луѓето од вашето опкружување ви ја крадат енергијата и како да се заштитите

Mожеби звучи смешно или бизарно, но тoa се енергетски вампири. Затоа што тие тоа буквално и го прават: се хранат со туѓа енергија. Исцрпуваат и заморуваат, бидејќи ја преземаат енергијата од луѓето со кои разговараат.

На кој начин можете да ја спречите таквата ситуација? За почеток, ќе мора да сфатите дека за никого не сте обврзани да направите нешто. А најмалку енергија, па дури и ако се работи за членовите на семејството или пријателите.

Значи, на прво место е намерата. Намерата многу се чувствува меѓу луѓето, дури и кога тие не користат зборови за да ја соопштат. За да спречите кражба на енергија, мора да бидете решени во намерата тоа да го и направите. Не се срамете затоа што нема зошто да се срамите. 

Откако сте се одлучиле да ставите крај на исцрпувањето и на исцрпувачкото лице кое ве заморува, направете нешто од следново (сите се ефикасни, ќе видите која ви одговара): Прекрстете ги рацете и нозете (ако сте седнати, се разбира). Луѓето кои се занимаваат со јазикот на телото, таквото држење на телото го нарекуваат одбранбен став. Со добра причина: со тоа се дистанцирате од вашиот соговорник, а не само навидум, туку, исто така и на енергетско ниво. Ставете ја вашата десна дланка над вашиот папок, а преку неа левата. Со тоа го блокирате крадењето на енергија.

Визуелизирајте стаклено ѕвоно околу себеси. Без оглед на тоа дали некој седи блиску до вас или не, замислете се во внатрешноста на стакленото ѕвоно кое ве штити.

Едно нешто е речиси неверојатно: Откако еднаш тоа ќе го направите, ќе се изненадите колку брзо лицето кое ја краде вашата енергијата ќе најде изговор да се тргне. Веднаш штом ќе почувствува дека повеќе не може да краде енергија, веднаш ќе се тргне!

Исто така, не бидете тажни ако тоа ви се случи тоа со некој кого сте го сметале за посебен пријател, блиско лице. Ако е така, треба да знаете дека односот не бил искрен. Или, можеби бил од вашата, но од другата страна сигурно не е, без оглед на тоа дали тоа лице тоа го правела на свесно ниво или не.

 

 

 

 

04.12.2017 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега