Лепа Брена отворено зборувала за својата болест - што точно и се случило

Пејачката Лепа Брена пред седум години преживеала голем стрес, кога ѝ било откриено дека постојат големи шанси за да добие рак, а сега собрала храброст јавно да зборува за тоа.

Балканската фолк-ѕвезда Лепа Брена  долго време се борела со тромбоза, опасна болест на крвните садови, пренесуваат српските медиуми.

Пејачката испратила своја крв на анализа во САД каде што ѝ била потврдена дијагнозата.

„Направив анализи и ги пратив во Америка. Во споредба на анализите дојдовме до идентичен заклучок и во Белград и во Мајами, а тие велат дека тромбозата сум ја добила од голем напор. Сакав да издржам ист напор на 45 како кога имав 25 години. После тие проблеми одлучив сепак да работам помалку“, кажа Брена.

– Пијам лекови за разредување на крвта. Секој ден без исклучок. Некој пие лекови за срце, а јас пијам лекови за да не ми се згрутчува крвта бидејќи тоа би било кобно за мене – открила пејачката и додала дека наспроти оваа болест таа се труди да биде оптимистички расположена и ведра.

 
 
scena_e430_show_clip_safe
 

 

 

 

 

04.12.2017 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега