Бебето кое ги прелажа нацистите: Замислата на Хитлер за „совршена раса“ крие голема тајна (видео/фото)

Хеси Левинсон била лика и прилика на „идеално германско бебе“ - крупни очи, смеѓа коса и правилен нос, била се што Хитлер замислувал кога зборувал за супериорна раса, но нацистите не знаеле една работа.

Во првата година по доаѓање на власт на наците, започнале со лепење на плакати и објавување на книги и списанија во кои се промовира „совршениот„ изглед.

Еден од магазините кои ширеле нацистичка пропаганда биле "Sonne ins Haus" (сонце во куќа) а на насловната страна се наошало бебе кое од „совршена раса“.

Сепак една работа која никој не ја знаел било дека Хеси била Еврејка. 

Таа со нејзиното семејство се доселила во Берлин и нејзината мајка отишла кај фотограф за да направат неколку семејно фотографии, но после  месец дена се шокирала кога сликата на нејзината ќерка се нашла во нацистичко списание.

Нејзината мајка веднаш отишла кај фотографот за да види за што се работи, а тој и рекол дека намерно ја пратил сликата на конкурс за да ги исмее нацистите, и дека никој нема да дозне за таа тајна.

Така и било, но сепак семејството на Хеси побегнало од Берлин. 

Приказната за ова бебе се наоѓа на сајтот на Меморијалниот музеј холокаусот во САД.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

03.12.2017 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега