Повик на ВМРО-ДПМНЕ: Приклучи се на Маршот за правдината и за Татковината денес во 16:30 часот

ВМРО-ДПМНЕ  вчера попладнето објави повик до сите граѓани да се приклучат на маршот за правдината и татковината, денеска со почеток од 16:30 часот пред Министерството за правда.

„Да покажеме дека сме слободоумни, самосвесни, слободни луѓе, кои не се плашат од ризиците туку смело им пристапуваат, кои не се штедат за да се борат за правдината, и кои не се срамат што си ја сакаат Татковината. Да се спротивставиме на грубиот обид за фалсификување на историјата, на оние кои сакаат љубовта кон Татковината да ја претстават како нешто погрешно, оние кои го казнуваат патриотизмот како реакција додека се обидуваат да ги скријат газењето на Уставот и законите како причини за реакцијата“, стоиво соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прегазената правдина и поддршка на сите патриоти и Македонци, на кои им се ускратува правдината е поводот за организација на овој марш.

 

 

 

03.12.2017 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега