Драган Спасов-Дац: Ќе ги казнам актерите што не ја одиграа преставата

Откако синоќа актерите, во знак на протест, ја откажаа претставата „Ничија земја“ директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац вчера, на својот фејсбук профил објави дека сите актери ќе бидат казнети затоа што не ја одиграле преставата како поддршка на приведените глумци.

„Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како подршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика – напиша Дац во својата реакција.

 

 

 

02.12.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега