Запалил пола град- се обидел да го имитира она што го видел на ТВ

Пожарот што уништи 21 зграда во градот Кохос во државата Њујорк, бил предизвикан од страна на 51-годишниот Американец Џон Гомез, кој се обидувал да го имитира она што ги видел на телевизиската емисија „Форџд ин фајр“, каде учесниците се натпреваруваат во ковење на мечеви.

Гомез, во четвртокот запалил оган во метално буре, но огнот се проширил. Три згради во Кохос се целосно уништени, а 18 се оштетени.

Тој е обвинет за предизвикување на пожар.

За време на сослушувањето се изјасни дека не е виновен.

 

 

 

01.12.2017 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега