Месечен хороскоп: Дознајте што ве очекува овој декември

Овен

Ќе истраете во намерата годинава да ја завршите успешно, но со голема нервоза. Силното влијание на лица од околината ќе ја наруши хармонијата во врските. Слободните се на прагот на нова авантура. Забоболка.

Бик

Ќе бидете во расчекор помеѓу сопствените желби и желбите на надредените, што ќе резултира со чести судири во работата. Емотивната врска ќе ви биде прибежиште од стресните ситуации. Слободните ги очекува интересен додворувач. Одлично здравје.

Близнаци

Индивидуалната работа ќе биде добар пат до успехот, иако колегите ќе ви забележат поради вашата отуѓеност. Емотивните врски ќе стагнираат, а слободните ќе запознаат кандидат за венчавка. Болки во мускулите.

Рак

Нереалните очекувања ќе резултираат со незадоволство во работата. Вашиот емотивен партнер максимално ќе се залага за доброто на врската, а вие ќе го следите. Слободните конечно ќе сретнат сродна душа. Главоболки.

Лав

Промените во расположението ќе имаат негативно влијание на односот со колегите и врз резултатите. Недостигот од комуникација ќе ја наруши хармонијата во врските. Слободните се расположени за нови познанства. Движете се повеќе.

Девица

Иако мислите дека ништо не ви оди од рака, вашиот деловен биланс ќе биде задоволителен. Емотивните врски ќе трпат осцилации на дневно ниво. Во животот на слободните Девици ќе влезе лице од минатото. Минлива премаленост.

Вага

Ќе тежнеете кон максимални резултати, кои ќе бараат многу поголем ангажман. Чести, но мали недоразбирања во врските. Слободните ќе имаат упорен додворувач. Одлично здравје.

Шкорпија

Големиот деловен успех ќе биде награда за вашиот огромен труд и ангажираност во текот на годината. Врските ќе ги обележат романтика и страст. Слободните ќе имаат нова љубов. Проблеми со притисокот.

Стрелец

Пред вас е мошне динамичен месец, со динамични промени во работата. Потрудете се да ја совладате љубомората… На слободните им претстои интересна авантура. Нервозата ќе ви го нарушува сонот.

Јарец

Ви се укажуваат многу можности за постигнување успех во работата. Емотивните врски ќе стагнираат, со тенденција да расцутат кон крајот на месецот. Болки во вратот.

Водолија

Новите деловни соработници ќе ви ја унапредат работата. Љубомората и недоразбирањата ќе ги обележат врските. Во животот на слободните Водолии повторно ќе влезе лице од минатото. Несоница.

Риби

Иако нема да успеете да ги реализирате целите, тоа нема да ве демотивира. Проблемите во врската набрзо ќе завршат. На слободните им претстои интересна авантура. Болки во стомакот.

 

 

 

01.12.2017 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега