Посетителите на Постдам можат да здивнат: Полицијата го уништила пакетот со експлозив

Германската полиција денеска соопшти дека го уништила сомнителниот пакет кој го пронашла на Божиќниот пазар во градот Постдам, а кој содржел експлозив или запалив материјал.

Портпаролот на полицијата Торстен Хербест изјавил дека сѐ уште не е сосема јасно од што била направена направата.

Полицијата го евакуираше божиќниот базар и околната зона, по добиената информација околу 14.30 часот за откриен сомнителен пакет.

Пакетот бил доставен во аптека што се наоѓа во близина на базарот. Еден од вработените го примил пакетот и откако го отворил во него ги забележал елементите од експлозивот.

Нивото на опасност од потенцијални терористички напади во Германија е на висок степен, по минатогодишниот напад со камион на божиќниот панаѓур во Берлин.

 

 

 

01.12.2017 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега