Хрват објавил фотографии од судницата по самоубиството на Праљак - настанала голема паника

Хрватот Еуген Јаковчиќ кој се наоѓал во Хаг за време на изрекувањето на пресудата за Слободан Праљак, на својот Фејсбук профил објавил фотографии кои настанале кога Праљак се отрул. Тој напишал дека завладеал целосен хаос, додека хрватската амбасадорка добила напад на хистерија.

 

-Се трудам да ги соберам впечатоците од вчерашниот ден, но не ми оди. Сѐ уште не ми доаѓа во глава како се случи тоа пиење на отров во мометот кога Агиус ја исрече првостепената пресуда од 20 години за Слободан Праљак. Колешката која во судницата седеше до мене ми рече „Кажи ми дека сонувам“ - пишува Индекс.хр

Во Хашкиот трибунал настанал општ хаос, а им требало повеќе од еден час за Праљак да го префрлат во 10 минути одалечената болница, каде подоцна почина.

 

 

 

01.12.2017 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега