Повторно одложена расправата за буџетот

 

Повторно е одложена седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која денеска требаше да продолжи расправа по Предлог-буџетот за 2018 година.

Оваа седница почна во понеделникот, а по приведувањата за настаните од 27 април во Собранието, не е одржано ниту едно продолжение.

Општиот претрес по предлогот според Деловникот трае 10 работни денови.

По предлогот се поднесени 279 амандмани. 

 

 

 

01.12.2017 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега