ВМРО-ДПМНЕ: Нема да учествуваме во денешната фарса - во игра се сите опции
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во денешната како што велат политичка фараса, чија единствена цел според нив е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно. Желбата на СДСМ е да имаат апсолутна и неконтролирана власт во Република Македонија, информираат од пратеничката група.
-Главна и единствена работа која СДСМ ја спроведува е политички реваншизам, прогон и хајка. СДСМ очигледно не сака во Македонија да постои опозиција, која што со свест и совест треба да се спротиставува на штетни политики. СДСМ е трганта и не запира во намерата да уништува животи, да гази луѓе, да монтира случаи и да прави политички прогон само и само за себе да си обезбеди апсолутно неограничено и неконтролирано владеење. ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумије и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ, велат во нивното соопштение.
Од партијата порачуваат дека овој политички прогон мора да запре.
Партиски извори брифираат дека во наредните денови партијата ќе ги донесе своите одлуки за своето делување во иднина. Висок партиски функционер за Press24 вели дека се разгледуваат апсолутно сите демократски опции за спротивставување на како што велат реваншистичкиот нагон на СДСМ. Се размислува за активен бојкот на сите институции каде што партијата има претставници а се разгледуваат и серија други демократски мерки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа