Скопската Зоолошка ќе стане дом на нови животни

Во скопската зоолошка градина во моментов се гради ново живеалиште за слон, пингвини и шимпанза, а животните треба да пристигнат напролет.

Првата информација беше дека двата слона ќе бидат донесени од Леванте, Шпанија, но последната е дека најверојатно едниот ќе пристигне од Франција. Зоолошката градина во Скопје имала слон во збирката животни, и тоа индиска слоница по име Анка, која живеела од 1964 до 1992 година.

Покрај слоновите Зоолошката градина во Скопје ќе добие и пингвини. Од идејното решение за нивното живеалиште ќе зависи колку пингвини ќе бидат донесени од Виена. Пингвини ќе бидат прилагодени на европските услови на живот, пишува Курир.

Исто така, во зоолошката градина при крај е и изградбата на мајмунарницата. Коко ќе се врати во Скопје заедно со неколку шимпанза.

 

 

 

01.12.2017 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега