Облаци, дожд и силен ветер - очекувајте голема количина на врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија денеска претежно облачно, во западните делови со врнежи од дожд, кои на крајниот запад ќе бидат обилни. Температурата од пет до 16 степени.

Нов влажен и релативно топол бран со обилни врнежи од дожд ќе има до сабота. Во петок обилни врнежи се очекуваат на повеќе места, а во сабота во источните делови каде ќе има услови за појава на грмежи.

Снег ќе има само на високите планини.

Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и околу 100л/м2 дожд.

Во недела и понеделник врнежите ќе бидат локални, а температурите ќе бидат во опаѓање.

 

 

 

30.11.2017 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега