Покрај огромното богатство ја оставил со еден тон проблеми - Цеца на суд поради Аркан

Апелациониот суд во Белград ја потврдил пресудата во корист на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ со која е утврдено дека таа не должи 116.000 евра на Војислав Ѓурковиќ Бијељине, кој преку тужба со камата ги барал парите од неа.

Ѓорковиќ барал пари од Ражнатовиќ тврдејќи дека му должат 116.000 евра, бидејќи тој им ги дал парите на Цеца и нејзиниот покоен сопруг во 1999 година. 

Овој долгогодишен процес своевремено бил во завршна фаза, бидејќи Првиот основен суд кон крајот на 2011 година наложил принудна продажба на дел од куќата во која Ражнатовќ живее, поради подмирување на долгот кон Ѓурковиќ.

Меѓутоа, кон крајот на јануари 202 година постапката е прекината бидејќи Врхвниот суд ја укинал пресудата, бидејќи го усвоил барањето од Светлана Ражнатовиќ за ревизија на постапката и наложил ново судење.

Цеца цело време го оспорувала долгот кон Ѓурковиќ, бидејќи тој тие пари му ги позајмил на нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, додека Ѓурковиќ тврдел дека Аркан ги позајмил тие пари за потребите на својата сопруга и тоа во нејзино присуство.

 

 

 

30.11.2017 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега