Судење за трагедијата во Куманово каде лифт пригмечи дете - двајца признаа вина

Во основниот Суд во Куманово денеска се одржа рочиште за трагично згаснатиот живот на детенцето кое загина при несреќен случај во лифтот во зградата во која живееше, јавува Кумановскимуабети.

Порталот пишува дека во судницата денеска плачеле и оштетените и обвинетите, кои ја признале вината. 

- „По 18 месеци од трагичниот настан никој од нив не изрази ниту сочуство ниту каење, а сега е доцна. Се работи за мало дете кое го загуби животот поради неодговорно работење на субјекти кои имаат и законска и морална одговорност да постапуваат и се грижат за животот на семејствата кои живеат во зградите и да се грижат и за лифтовите, изјавил Христијан Георгиевски, правниот застапник на оштетеното семејство  Петковски.

И таткото на починатото момче изрази надеж дека службите ќе постапат правилно. 

- „Многу ми е жал за загубата на животот на детето, искрено сочуство до семејството, јас ја признавам вината„ –  рече во судницата М.С. управител на фирмата која стопанисува со зградата во која се случил инцидентот.

За обвинителството ова е тешко дело против општа сигурност.

За потсетување, трагедијата се случи на 26 јуни минатата година, откако во лифт, каде не функционирале заштитните врати му се заглави раката на шестгодишното дете, и тоа беше пригмечено.

 

 

 

30.11.2017 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега