Усвоено барањето за притвор на шесте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Комисијата за деловнички и мандантно - имунитетни прашања одлучи Собранието на Република Македонија да им го одземе имунутитот на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ заради нивното учество во насилните настани во Собранието на 27 зприл.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вчера согласно член 53, став 5 од Деловникот на Собранието ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28 ноември 2017 година. Комисијата е должна во рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието.

 

Инаку, со 5 гласа за и 0 против се одземени имунитетите на пратениците.

 

 

 

30.11.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега