Комисијата одобри да им се одземе имунитетот на шестмината пратеници

 

Комисијата за деловнички и мандантно - имунитетни прашања предлага Собранието на Република Македонија да им го одземе имунутитот на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ заради нивното учество во насилните настани во Собранието на 27 зприл. Комисијата поединечно се изјаснуваше за секој од пратениците.

Единствено пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, имаше кусо излагање пред колегите, оценувајќи дека настаните од 27 април беа напад врз демократијата и уставниот пиоредок на земјата и обид за загорузвање не животот на пратениците. Институциите на ситемот, според него, имаат должност да го расчистат овој случај за никогаш повеќе да не се повтори. На седницата беа присутни пратениците од владеачкото мнозинство, додека нивните колеги од опозицијата не се појавија во салата „Борис Трајковски“ во Собранието.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вчера согласно член 53, став 5 од Деловникот на Собранието ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28 ноември 2017 година. Комисијата е должна во рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието.

Врз основа на извештајот, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство.

По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник. Пратениците од власта имаат мнозинство во Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, така што се очекува одлука да биде донесена и доколку пратениците од опозицијата односно од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на седницата.

Членови на оваа Комисија се и двајца од пратениците за кои има информации дека е побарано притвор, но според Деловникот и тие треба да бидат известени за седницата. Нивното место во Комисијата ќе го заземат заменици-членови од пратеничката група.  

Инаку, со 5 гласа за и 0 против се одземени имунитетите на пратениците.

 

 

 

 

30.11.2017 - 12:42
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега