Праљак должел 3 милиони евра на Хаг, а неговите деца имаат империја - нови детали

Слободан Праљак вчера се самоуби додека Хашкиот трибунал му ја читаше пресудата од 20. години затвор. Праљак рече не сум воен злосторник и испи отров, а тоа отвори многу прашања за тоа какви пропусти направиле обезбедувањето и стражарите, како дошол до отровот и како лекарите не го спасиле.

За животот на Праљак се познати малку детали. Тој завршил три факултети и тоа Економски факултет, Филозофски факултет и на крајот Академија за филм и режија, бил уметник и креативец.

Праљак се оженил со Муслиманка, сопруга на негов пријател, и се грижел за нивните две деца. Ги прифатил како свои, а тие му го земале и неговото презиме.

Ќерката на Праљак, Наташа, денес е успешна бизнис жена и новинарка. Долго живеела во Прага, а откако ја побарала среќата во странство, добила и факултетска диплома од таму.

Инаку, Праљак има објавено 25 книги, а во дел од нив зборува за ќерка си и нејзиниот живот.

Неговиот син Никола води бизнис империја, а Праљак, како што пишува српскиот Курир, должел 3 милиони евра на Хаг.

Наташа и Никола, синот на Праљак не сакаат да разговараат на темата за нивниот очув, пишува српскиот Курир.

 

 

 

 

30.11.2017 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега