Одложена расправата за Буџетот за 2018

Во Собранието на Република Македонија за денеска беше најавено продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година.

Расправата и денеска е повторно одложена. 

Расправата за буџетот започна во понеделникот на 27 ноември и според деловникот трае 10 работни дена. За вчера беше најавено продолжение, но по информациите за приведувањата за насилствата во Собранието на 27 април годинава, меѓу кои и на пратеници, седницата беше одложена најнапред без образложение, за потоа да биде посочено дека тоа е сторено поради технички причини, а истата е одложена и денеска.

 

 

 

30.11.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега