Џеј Зи конечно призна: "Ги исклучив емоциите и ја изневерив Бијонсе, беше болно"

Џеј Зи најпосле призна дека ја изневерил својата сопруга Бијонсе, и дека не се развеле благодарение само на брачните терапии на кои оделе. Тој душата си ја отвори во големо интервју за "Њујорк Тајмс".

- Се затварате во себе и ги исклучувате емоциите. Ја тргнав дури и сопругата од мене. Од тука трга се, па и неверството, рекол Џеј Зи.

изјавува дека со Бијонсе биле на средина на ураган во домот и дека трпеле голема болка.

- Многу разговаравме, беше непријатно и болно. Свесни сме за нашите квалитети, свесни сме за нас. Имам почитување кон не аи таа кон мене. Мислам дека мојата сопруга е неверојатна, вели тој.

Според него најтешко е да ја видиш болката кај другиот што ти си ја создал, па затоа и најечсто паровите се разведуваат и раскинуваат.

Инаку, Бијонсе издаде цел албум за неверството на сопругот.

 

 

 

 

30.11.2017 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега