И претходно размислувавл за самоубиство: Порака која Праљак ја напишал за Хашкиот трибунал

Во книгата 5 објавена на страницата www.slobodanpraljak.com во септември 2015 година, постои документ преку кој јасно се гледа дека Слободан Праљак имал намера да се убие во затворот.

Меѓу стотиците документи, стои и одговорт на Праљак до секретарот на Хашкиот суд, Мартин Петров во врска со неговата имотна состојба.

Во писмото, хрватскиот генерал објаснува зошто од судот бара надоместок за својата одбрана и докажува дека нема никакви екстремно големи приходи.

Објаснува како дошол до компанијата „Октавијан“, фабриката за тутун, како и куќите на Краљевац 35 и 35А.

Од сите одговори јасно се гледа дека бил бесен што се сомневаат од него и неговиот имот и што бараат да врати сѐ во негова одбрана.

Во пораката пшува: „П.С: Вакво право и логика искусив во комунизмот во текот на својот долг живот и не се надевав дека ќе премине во пракса и на Хашкиот суд - секретаријат. Има во Бог години, господине Петров, ќе го решиме тоа, иако сѐ што вие правите е одмазда затоа што сте навреден, бидејќи на првиот ваш агент - ситниот доушник Удба не му ги признав „големите“ ниту „малите“ луѓе, ниту империјалниот став, ни колонијалните методи. А, нема ни во затвор да се убијам. Но, наскоро целиот ќе биде изнесен на виделина“.

 

 

 

30.11.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега