Повредени 13 лица - многу несреќи во Скопје

 

Тринаесет лица биле полесно повредени во седум од вкупно 16 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во девет била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Тринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и пет возачи поминале на крстосница на црвено светло. Од сообраќај биле исклучени шест лица кои го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 87 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 82 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Вера Јоциќ“ во општина Гази Баба. Ќе се одржи и сообраќајна поука за возачи кои сториле прекршоци по разни основи.

 

 

 

30.11.2017 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега