Залутан куршум заврши во дневната соба на семејство од Скопје

Залутан куршум вчера вечерта завршил во куќата на 45-годишниот скопјанец Ф.П.

Додека Ф.П. си седел со сопругата и двете малолетни деца во дневната соба од куќата, низ покривот им паднал залутан куршум.

Според информациите од МВР, за среќа никој не бил повреден. Причинета била само материјална штета на покривот од куќата на Бит пазар. Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

29.08.2013 - 10:23